Од сметките на граѓаните симнати 1,8 милион евра

Bez autora
Apr 17 2012

Управата за јавни приходи лани симнала 1,8 милиони евра од сметките на граѓани и компании кои „згрешиле“ на државата. Неплатени казни за пушење на забранети места, плукање, мокрење по улици, неправилно паркирање, казна за непоминување на пешачки, за брзо возење, се само дел од прекршоците што од лани државата сама си ги наплаќа од граѓаните, извлекувајќи пари од нивните трансакциски сметки. Податоците на УЈП покажуваат дека до неа пристигнале вкупно 54.123 предмети за изречени глоби, парични казни и трошоци од судовите и други органи, вкупно тешки околу 7,2 милиони евра. По проверака на документацијата, Управата констатирала дека извесен број веќе биле целосно или делумно наплатени, а за одреден број органите и институциите не доставиле целосни податоци, кои допрва ќе се комплетираат и ќе се обработуваат.

Од сметките на граѓаните симнати 1,8 милион евраУправата за јавни приходи лани симнала 1,8 милиони евра од сметките на граѓани и компании кои „згрешиле“ на државата.

Неплатени казни за пушење на забранети места, плукање, мокрење по улици, неправилно паркирање, казна за непоминување на пешачки, за брзо возење, се само дел од прекршоците што од лани државата сама си ги наплаќа од граѓаните, извлекувајќи пари од нивните трансакциски сметки. Податоците на УЈП покажуваат дека до неа пристигнале вкупно 54.123 предмети за изречени глоби, парични казни и трошоци од судовите и други органи, вкупно тешки околу 7,2 милиони евра.

По проверака на документацијата, Управата констатирала дека извесен број веќе биле целосно или делумно наплатени, а за одреден број органите и институциите не доставиле целосни податоци, кои допрва ќе се комплетираат и ќе се обработуваат. За уредно доставените предмети, УЈП издала 18.913 решенија за присилна наплата вредни над 2,2 милиона евра, од кои 80 отсто или 1,8 милиони евра лани се наплатени.

Првичните пресметки на Државното правобранителство по измената на законот со кој, наместо извршителите, УЈП требаше да ги наплаќа тие казни во корист на државата, покажаа дека „во нивни раце“ лежат над 140.000 предмети за неплатени казни од фирмите и граѓаните. До ноември лани требаше сите предмети што ги пратило до извршителите и завршените пред извршување, да се префрлат во УЈП за наплата.

Податоците на УЈП покажуваат дека рекордер по „казнување“ е Министерството за внатрешни работи. Од вкупно над 54.000 предмети, половината или 26.418 предмети за присилна наплата Управата ги добила од МВР. Kазните за сообраќајни прекршоци би требало да ги чинат граѓаните околу 3,3 милиони евра. Втори на листата на УЈП се 27 основни судови во државата кои испратиле околу 20.000 предмети тешки 2,5 милиона евра. „Пушачите“ на јавни места се во делот од 2.092 казнети, кои според предметите најверојатно должат околу 611.000 евра. Оние, пак, кои се фатени како фрлаат отпадоци или мократ на јавни површини се сместени во 4.065 предмети во кои како казнувач се јавува Министерството за транспорт, кое пресметало дека треба присилно да се наплатат околу 253.000 евра.

Од УЈП велат дека наплатата на тие казни оди тековно и постојано добиваат и нови предмети од институциите.

- Согласно измените на Законот за извршувањето, УЈП доби нови надлежности за присилна наплата на парични казни, глоби и трошоци во корист на РМ, поради што е формиран Центарот за наплата на глоби и други јавни приходи, како нова организациона единица во рамките на Управата. За оперативно спроведување на присилната наплата на глобите, претходеше воспоставување на ИТ-поддршка и на технички услови за работа на Центарот, обука на вработените во УЈП и подготвување методологија и упатства за начинот на преземање на предметите од Државното правобранителство, воспоставување протоколи за соработка, преземање и обработка на предметите за наплата на глоби од органите и институциите – објаснуваат од УЈП.

Даночниците објаснуваат дека, според законот, долговите присилно се наплаќаат од парични средства, парични и непарични побарувања и други права на должникот, готови пари и хартии од вредност, движни и недвижни предмети. Првиот чекор е блокирање на сметката, па понатаму се оди со другите инструменти за присилна наплата.

Инаку, Законот за даночната постапка е еден од најригорозните, бидејќи покрај трошоците за постапката за присилна наплата, се плаќаат такси и камати. Така, за секој ден што се доцни со плаќање, се пресметува камата од 0,03 отсто од износот. Граѓаните и фирмите се должни во рок од седум дена, откако ќе бидат предупредени од УЈП, да го намират долгот.

Ако должникот нема приход и трансакциска сметка, на наплата оди целиот движен и недвижен имот. При присилна наплата од имотот УЈП ги остава облеката, обувките, долната облека, постелнината, апаратите за домаќинство, кујнските апарати, мебелот, кои им се потребни на должникот и на неговото семејство за скромен и пристоен живот. Покрај ова, остануваат уште и прехранбените производи, средствата за огрев и осветление, но само за четири недели. Покрај други ситници, изземени од присилна наплата се и венчалните прстени, ордени и медали, како и предметите тргнати настрана за погреб.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik